📷 Џени Гарт се соблече на 53 години: Позираше во долна облека и го освои Интернетот!

од Марта Пешевска
65 прегледи

Џени Гарт, познатата актерка од култната серија „Беверли Хилс, 90210“, повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи со својот нов изглед и искрена порака за самодоверба. Таа позираше во атрактивно издание за новата кампања на брендот ThirdLove, посветена на долна облека, со која слави и го промовира прифаќањето на сопственото тело.

Џени, која во 90-тите години ја освои публиката како згодната Кели Тејлор, долго време го криела здравствениот предизвик со кој се соочува – остеоартритис, болест на зглобовите која предизвикува болка и ограничување на движењето. Исто така, во 2012 година јавно призна дека се бори и со анксиозност.

Сега, на 53 години, Џени со гордост го сподели своето прво снимање за долна облека, порачувајќи дека се чувствува посигурно и поудобно во својата кожа отколку некогаш досега. Таа ја нагласи важноста од поддршката на жените во сите животни фази, вклучително и менопаузата, која брендот ја истакнува во својата нова колекција.

Џени Гарт е мајка на три ќерки кои ги доби од поранешниот брак со актерот Питер Фачинели, а во моментов е во среќен брак со Дејв Абрамс, кого го запознала на слеп состанок пред десет години. Нејзиниот пример е инспирација за многу жени да го прифатат своето тело и да се чувствуваат убаво во секоја возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennie 🤍 (@jenniegarth)