Лидерот на Алтернатива, дел од ВЛЕН, Зеќирија Ибрахими одговори на обвинувањата на опозицијата од албанскиот блок за дискриминација врз Албанците при вработување во државната администрација. Ибрахими вели дека до крајот на јули ќе има 2.500 вработувања или унапредувања на Албанците во институциите.
„Прво обвинија дека во Чашка нема училиште (како во нивно време) и кога беше изградено, молчеа и никогаш повеќе не го споменаа. Потоа рекоа дека Коридорот 8 ќе биде запрен, а кога продолжи со забрзана динамика, никогаш повеќе не го споменаа. Потоа рекоа дека законот за употреба на албанскиот јазик ќе биде укинат и кога оваа тема повеќе не беше релевантна, ја заборавија и оваа тема. Продолжија да велат дека има економска дискриминација врз Албанците, но кога владата одлучи да издвојува над 80 милиони евра секоја година за албанските општини (некои проекти веќе се спроведуваат), над 34 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, зголемување на платите за 12%, зголемување на пензиите за 5.000 денари итн., и за ова молчеа. Кога немаат друга тема, овие денови велат дека „се вработуваат Македонци, а не Албанци“. Ова исто така траеше неколку дена. До крајот на јули ќе имаме 2500 работни места и унапредувања за Албанците“, напиша меѓу другото Ибрахими.
Претходно довчерашниот владин коалициски партнер и сегашен лидер на едното крило на АА, Арбен Таравари порача дека во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци.