Кина во понеделникот го потврди трговскиот договор со САД што американскиот претседател Доналд Трамп го објави вчера, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џиан.
„Кина отсекогаш го држела својот збор и постигнувала резултати. Сега кога е постигнат консензус, двете страни треба да се придржуваат до него“, изјави тој на прес-конференција, објави Ројтерс.
Договорот, постигнат по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг минатата недела, носи деликатно примирје во трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.