Арсовска: Ганиу го запишувал фалсификатот во Катастар на 20 март сред денови на жалост за кочанската трагедија

од Nikola Popovski
124 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска продолжи со обвинувањата кон градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу за бесправното градење на дивоградби во неговата општина. Според неа, Ганиу си брише имотни листови од Катастар. Таа исто така обвини дека „фалсификатот го запишувал на 20.03.2025 година сред денови на жалост за трагедијата во Кочани“.

-Зошто само 2% доверба имаат граѓаните во правосудството, прашува Арсовска, објавувајќи фотографии од фалсификатите кои биле доставени до државниот Катастар.

Градоначалничката порача дека „во моментов во затвор лежат луѓе за влез во Собранието на 27 април и за 100 ќебапи“.

-Таму се постапило веднаш! Во Чаир кај Висар Ганиу ќе влезат да обезбедат докази за некоја година, нека троши кеш и нека ужива до тогаш, тврди Арсовска.

Градоначалничката во постови на поранешна новинарка на социјалните мрежи, препозна нарачка од претендентот за нејзината фотелја, Орце Ѓорѓиевски, сегашен градоначалник на Кисела Вода. Исто така, преку пост на Фејсбук Арсовска, му порачува дека штом заврши со Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир и дивоградбите за кои обвинува дека ги гради и ги легализира незаконски, ќе се сврти и кон Кисела Вода.

Слични содржини