Џамбаски повторно бара вето за Македонија и најави протест пред македонската амбасада во Софија

од Nikola Popovski
34 прегледи

Контроверзниот бугарскиот политичар и поранешен европратеник, Ангел Џамбаски повторно бара вето за Македонија откако вчера Основниот суд од Битола го осуди Љубчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола на затворска казна од една година, со услов од две години да не го повтори кривичното дело, поради предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Како што објави Џамбаски, „срам и предавство“ е што бугарската Влада не го санкционира тоа што се случува во Македонија. Членот на бугарската ВМРО-БНД оди дотаму што ги користи зборовите „дивјачкиот и варварски режим во Скопје“.

„Скопскиот суд го осуди Ѓоргиевски на затвор затоа што го цитирал Иван Михајлов, чиј портрет виси во канцеларијата на претседателот на ДПМНЕ. Оваа пресуда е дрска антибугарска демонстрација. Ова е исто така пресуда против Бугарите во Македонија. Против нивното право на бугарски национален идентитет и самоопределување. Во Скопје ги осудуваат Бугарите затоа што се Бугари, а Софија молчи. Неприфатливо и недозволиво. Време е за остра реакција“, стои во објавата на Џамбаски.

Поранешниот пратеник, кој постајано упатува навреди кон Македонија и кој своевремено гестикулираше со нацистички поздрави во Европарламентот, најави дека во недела ќе се одржи протест пред македонската амбасада во Софија по повод осудителната пресуда за Ѓоргиевски.

Слични содржини