„Бастијан испадна вистински клошар“ – сите во шок поради новата девојка на Швајни, додека Ана сè уште го чува во папката „сопруг“

од Марта Пешевска
38 прегледи

Додека Ана Ивановиќ сè уште ги чува заедничките фотографии на Инстаграм во албумот со наслов „Сопруг“, Бастијан Швајнштајгер веќе се појавува јавно со нова девојка. Според германскиот „Билд“, токму таа нова романса била причината за крајот на нивниот брак, кој до неодамна изгледаше стабилно. Наводно, поранешниот фудбалер веќе не ја крие новата избраничка, Бугарката Силва.

Она што најмногу ја шокираше јавноста е дека токму Ана и Силва се сретнале – лице в лице – пред престижното меѓународно училиште на Мајорка, каде што децата на Ана и Бастијан следат настава. Сцената, иако тешко видлива за јавноста, не останала незабележана од објективите и коментарите. Она што дополнително ја разгоре јавноста е што само пред пет месеци Бастијан и Ана објавуваа фотографии од заеднички моменти, оставајќи впечаток на стабилен брак.

Сега, тој е во јавност со друга, и тоа во Мајорка – место каде папараците не простуваат. Овој развој на настаните покрена лавина од реакции на социјалните мрежи. Многумина го обвинуваат Бастијан за предавство, нарекувајќи го „скитник“ и потсетувајќи дека некогаш беше симбол за лојалност. Сепак, нивната љубовна приказна некогаш беше вистинска бајка. Бастијан во едно интервју раскажа дека Ана ја запознал во Њујорк преку заеднички пријател, кошаркарот Штефен Хаман.

Англискиот не му бил силна страна тогаш, па ја слушал Ана повеќе отколку што зборувал. Брзо сфатил дека токму таа е жената на неговиот живот. Толку бил сериозен што отпатувал во Белград и на српски го побарал нејзиниот татко за нејзината рака. А запросувањето било како сцена од филм – во Лондон, во приватен парк од филмот „Нотинг Хил“, каде ја изненадил со романтично „ќе се омажиш ли за мене?“.

Иако сето тоа денес изгледа како далечно минато, за Ана и Бастијан некогашното „засекогаш“ се претвори во „доста беше“. Последното поглавје – средбата на двете жени пред училиштето – можеби е и најболното сведоштво за крајот на една голема љубов.  А Швајнштајгер? Нема веќе шанса на тенискиот терен. Секогаш губел од Ана – 6:1, 6:2 – и како што сам призна, иако доаѓал подготвен, загреан и мотивиран, таа секогаш победувала со пола сила.

Единствена негова цел останала: барем еднаш да стигне до тајбрејк. Во животот, изгледа, победата не била негова.

Слични содржини