Холивудскиот актер Бред Пит неодамна се осврна на својата поранешна врска со Анџелина Џоли, со која беше заедно од 2005 до 2016 година. Најголемата љубовна приказна која траеше цели 12 години заврши со развод, а сега Пит открива како ја гледа таа врска со дистанца.
Во едно неодамнешно интервју, кога беше прашан дали ја смета минатата врска за грешка, тој одговори дека „без разлика дали сте направиле грешка или не, најважно е да се учи од тоа и да се оди понатаму“. Оваа изјава ги натера многумина да размислуваат дали тој на некој начин ја доживува љубовта со Џоли како нешто што припаѓа на минатото што требало да се надмине.
Бред Пит исто така потенцираше дека грешките се дел од патот до успехот, и дека денес многу повеќе цени луѓе кои го почитуваат и го поддржуваат – пријатели и семејство. Новата љубов во неговиот живот, Инес Де Рамон, се појави во јавноста во ноември 2022 година, што според него е знак дека неговиот живот оди напред.
Инаку, разводот со Анџелина Џоли стана формално завршен пред неколку месеци, но Пит изјави дека не се чувствува посебно ослободено од таа правна формалност, бидејќи тоа е само документ што морал да се среди.
Дали навистина ја смета врската со Џоли за грешка? Одговорот останува делумно отворен, но од неговите зборови се гледа дека тој повеќе гледа на тоа како на искуство од кое научил и кој го обликувал во човекот што е денес.