Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав. За него вчера беше пријавено дека исчезнал, а апелот масовно се споделуваше на социјалните мрежи.
Неговата мајка, Благица Бурева во објава на Фејсбук се заблагодари на, како што напиша на „СВР Штип и добрите луѓе“.
Засега не се соопштуваат детали како е пронајден Бурев и каде бил изминатите часови.