Лудо видео на поранешната портпаролка на Орбан: „Вака ќе биде кога Украина ќе се приклучи на ЕУ“

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Александра Сенткираљи, сојузничка на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ја шокираше унгарската опозиција, но и целиот свет, со видео што го објави на своите социјални мрежи

Сенткираљи тврди дека пристапувањето на Украина во Европската Унија може да доведе до трговија со органи.

Во текот на викендот, Сенткираљи објави кратко видео на својата Фејсбук страница на кое се гледа маж врзан во багажникот на автомобил, додека таа предупредува на растечки закани.

Се испостави дека „човекот во багажникот“ е вработен во канцеларијата на унгарскиот премиер.

Ференц Геленсер, пратеник од опозициската партија Моментум, го осуди видеото и најави дека ќе поднесе кривична пријава. Тој нагласи дека ширењето лажни информации што би можеле да го нарушат јавниот ред, поттикнувањето гласини и создавањето впечаток за закана за јавната безбедност се кривични дела.

Слични содржини