Собрани повеќе од 645 илјади килограми отпад низ цела држава

од Nikola Popovski
24 прегледи

Рекордно учество од 55.627 волонтери и повеќе од 645 илјади килограми собран отпад на територија на сите општини во земјава – ова се резултатите од годинешнава, петта јубилејна еколошка акција „Генералка Викенд” која се одржа од 9 до 11 мај. Во тридневната акција беа вклучени повеќе од 600 владини и невладини организации и институции, со логистичка и партнерска поддршка од голем број компании, обединети во заедничка цел за почиста и поздрава Македонија.

Главен стратешки партнер на „Генералка Викенд”, четврта година по ред е Пивара Скопје, а поддршка има и од официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал. Акцијата, која е во организација на Мен енд маунтен беше поддржана и од ЗЕЛС и Црвениот крст на Р.С. Македонија.

Според резултатите ова е најмасовната и најуспешната еко-акција во земјава.