10
Зголемувањето на трошоците за одбрана, кое ќе се дискутира на самитот на НАТО следната недела, треба да се спроведува во период од најмалку 10 години, изјави денес словачкиот претседател Петер Пелегрини, додавајќи дека владата би можела да даде приоритет на инвестициите во проекти со двојна намена во наредните години, наместо директно зголемување на воените трошоци.
Пелегрини рече дека Словачка е вклучена во преговорите и нема да го поткопа консензусот на претстојниот самит на НАТО, објави Ројтерс.
Зборувајќи на тркалезна маса за зголемување на трошоците за одбрана организирана од Пелегрини, словачкиот премиер Роберт Фицо повторно го отфрли ненадејното зголемување на трошоците за одбрана, објави TASR.