Брутална порака од Иран до Трамп: „Лажете дека побаравме да дојдеме во Белата куќа, ќе одговориме со иста мера“

од Milan1
101 прегледи

Мисијата на Исламската Република Иран во Обединетите нации ги негираше тврдењата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека Техеран се обратил до Вашингтон со цел да започне преговори.

„Ниеден ирански функционер никогаш не побарал да клекне пред портите на Белата куќа“, се вели во писменото соопштение. Тие додадоа дека „единственото нешто што е поодвратно од неговите лаги е кукавичката закана за „соборување“ на врховниот лидер на Иран“.

„Иран НЕ преговара под притисок, НЕ прифаќа мир под уцена и сигурно НЕ со военоподбуцнувач кој очајно се држи до важноста. Иран ќе одговори на секоја закана со контра-закана, а на секоја акција ќе одговори со иста мерка“, соопшти иранската мисија во ОН.

Да ве потсетиме дека американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека „иранските преговарачи предложиле да дојдат во Белата куќа.

Тој тврди дека Иран „се обратил“ и сака да разговара, но изрази сомнежи за успехот на преговорите, велејќи дека „не знае колку долго ќе трае конфликтот“.

Во краткото обраќање до јавноста, Трамп рече дека Иран има „многу проблеми“ и додаде дека сè уште не е донесена одлука дали САД ќе му се придружат на Израел во евентуалните воздушни напади врз Иран.

Кога новинар го праша за изјавата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој рече дека Иран „никогаш нема да се предаде“ во конфликтот со Израел, Трамп кратко рече:

„Велам – среќно“, пренесува Си-Ен-Ен.

Слични содржини