Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) објави дека испалила супертешки ракети со долг дострел „Сеџил“ кон Израел.
Ракетите се долги околу 18 метри и можат да погодат цели на оддалеченост до 2.000 км. Тие, вели ИРГК, се почеток на 12-тиот бран напади врз Израел.
Претходно објавија дека Израелците „мора да изберат помеѓу бавна смрт во пеколен живот во бункер или бегство од Израел“.