Бред Пит повторно го привлече вниманието на јавноста, но овој пат поради необична ситуација на црвениот тепих. На премиерата на филмот „Ф1“ во Лондон, актерот несмасно избегна бакнеж од својата девојка Инес де Рамон, што не остана незабележано од собраните камери и корисниците на социјалните мрежи.
Откако експертот за говор на телото Џуди Џејмс изјави за британскиот „Дејли Меил“ дека љубовната врска на Бред Пит е „на стаклени нозе“, осврнувајќи се на изразено несовпаѓање во невербалната комуникација, видео кое предизвикува чувство на срам се прошири на социјалните мрежи.
Многумина веруваат дека Инес де Рамон ја има улогата на „главна“ во врската, но видеото го покажува токму спротивното бидејќи е снимен моментот во кој таа несмасно „извиси“ за бакнеж.
Brad Pitt avoiding Ines kiss (once again) hahaha, she thought he was going to kiss her and he was just trying to cross to the other side I just can't. And later snubbing her from a group picture. The way this relationship is so PR I just can't pic.twitter.com/zWOXY8gYFe
— vi 🐞 (Hayes') (@itshighart) June 17, 2025
Единственото нешто полошо од чекањето некој да ни пружи рака е кога ќе му пријдеме на некого за бакнеж и тој некако ќе се извлече… Да, токму тоа му се случи на партнерката на Пит, на црвениот тепих пред толпа фотографи.
На светската премиера на филмот „Ф1“ во Њујорк, убавата дизајнерка на накит го следеше својот партнер, а во еден момент дури и се обиде да го бакне. Сепак, моментот доведе до разочарување кога Пит го избегна бакнежот за да се сврти за да разговара со друга жена која им се приближуваше.
На социјалните мрежи се собраа разни коментари, во кои корисниците му се потсмеваат на Бред Пит затоа што го избегнал бакнежот на Инес, а двојката е наречена и „лажна“ и „ПР трик“.