Во Албанија храната поскапа отколку во ЕУ

од Milan1
51 прегледи

Цените на храната во Албанија веќе ги надминаа оние на Европската унија. За првпат од 2005 година, индексот на цените на храната и безалкохолните пијалоци премина магичната граница од 100% (100,1%), што значи дека на албанските трпези сега се плаќа 1% повеќе од европскиот просек, иако приходите на домовите остануваат речиси половина помалку од просекот на ЕУ.

Како што пишува „Газета експрес“, Во минатото, Албанија беше оаза за поевтината трпеза – од 2005 до 2018 година, цените на храната беа 68-78% од европскиот просек. Но, од 2018 година, цените почнале да растат како што растат и грижите на семејствата. Во 2023 година, храната беше само 7% поевтина од ЕУ, а во 2024 година, албанските граѓани за првпат мораа да платат и повеќе од европскиот просек.

Најголем удар се чуствува при купувањето на јајца, сирење и млеко, овие производи сега чинат 131% од просекот на ЕУ, што е значителен скок во споредба со претходната година. Другите прехранбени производи не се многу поевтини, со цена околу 25% поголема од европскиот просек. Дури и безалкохолните пијалоци се поскапи за 19%. Единствена утеха остануваат цигарите, кои во Албанија се скоро половина поевтини од просекот на ЕУ.

Во европскиот контекст, Албанија денес е на ист праг со Германија, Португалија и Италија, а ја надминува Шпанија, Чешка, Полска и Бугарија по цена на храната. Како што наведува медиумот, овој пресврт не е случаен, зад него стојат високи даноци, особено ДДВ, скапиот транспорт, несоодветната логистика и недостигот на конкуренција, кои заедно ја прават храната во Албанија луксуз што секој домаќин се повеќе го чувствува.

Слични содржини