17
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.
Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.
Според нив, нема олеснителни околности, а нивните постапки дополнително ја трауматизираат јавноста.