Обвинителство бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор за поранешниот директор на Онкологија

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, објаснувајќи го предлогот за ефективен притвор рече дека ставот на Вишото јавно обвинителство Скопје е дека во оваа фаза на постапката имајќи ги превдид сите околности поврзани со кривичните дела кои му се ставаат на товар на осомничениот мерката притвор единствено претставува доволна гаранција за обезбедување присуство на Нино Васев и успешно спроведување на кривичната постапка.

-Степенот на сомневање е на повисоко ниво, па и очекувањата на Обвинителството се осудителна пресуда за повеќе сериозни кривични дела кои му стојат како закана. Но, и интензитетот и времетраењето, како и сензитивитот на конкретните дејствија, рече Фетаи.

Од овие причини сметаме дека жалбата на Обвинителството треба да се уважи и жалбата на одбраната да се отфрли како неоснована.

Васев, пред судот рече дека бара чесно судење и да се брани од слобода.

-Бараме чесно судење и укинување на мерката за обезбедување достапност. Сакаме да се браниме од слобода, рече Васев.

Неговиот бранител, адвокат Никола Ставрев, рече дека барале јавна седнциа, со цел и судот непосредно да се запознае со предметот што се води против осомничениот.

Слични содржини