Само итно започнување на конструктивни преговори со Русија може да ја спаси Украина од целосна катастрофа, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја.
„Единственото нешто што може да ја спаси Украина од целосна катастрофа е итно започнување на конструктивни и реални преговори. Предлагаме следната рунда да се одржи во Истанбул по 22 јуни“, изјави Небензја пред новинарите, објави ТАСС.
Тој им се заблагодари на Соединетите Американски Држави за поддршката на директниот дијалог меѓу Москва и Киев.