СДСМ: Корупција од епски размер, фирма на молер со кривична историја во Германија добила тендер да чисти во РЕК-Битола

од Milan1
38 прегледи

Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски денеска на прес-конференција побара Обвинителството да отвори постапка зашто со денови Рек Битола е во колапс.

РЕК Битола веќе неколку дена е во колапс заради криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ. Она што се случува во РЕК Битола не е никаква саботажа, туку корупција од епски размер и местење на тендери за неспособни партиски фирми.

Тоа е саботажа врз државата и системот од страна на ДПМНЕ. Суштината на скандалот е следна, новото раководство на РЕК Битола, поставено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и лично блиско до премиерот Мицкоски, потпишало рамковна спогодба вредна 150 милиони денари за чистење со фантомска фирма без ниту еден вработен. Компанија без техничка опрема, без кадар и без искуство. И како шлаг на тортата, управителот, неофицијално, е молер со кривична историја во Германија. И како што секогаш бива, се случува хаварија во РЕК Битола, пожар. Блоковите испаѓаат од мрежата а ЕСМ веднаш излегува со термин – „саботажа“, рече тој.

Слични содржини