Американскиот милијардер и сопственик на Тесла, Елон Маск, објави дека компанијата лансирала пробна услуга на „роботакси“ во главниот град на Тексас, Остин, по цена од 4,20 долари.
Маск на платформата X изјави дека компанијата ќе има врвни безбедносни мерки кога станува збор за овој вид такси услуга.
Според него, се планира услугата да биде достапна само во делови од Остин кои се сметаат за најбезбедни и кога временските услови се поволни, а „роботаксито“ нема да може да превезува лица под 18 години.