Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, покренало обвинение за оддавање службена тајна против Ангел С., кој беше дел од личното обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, пренесе БИРН.
Обвинението е поднесено на 12 јуни.
Постапката ја водела обвинителката Ивана Трајчева, од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.