Зеленски: Тензиите на Блискиот Исток би можеле да значат предност за Русија и помала помош за Украина

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Скај њуз за потенцијални напади врз НАТО алијансата, а исто така коментираше што значи војна на Блискиот Исток за Украина.

Зеленски рече дека Владимир Путин би можел да нападне земја од НАТО во рок од пет години за да ја „тестира алијансата“.

Украинскиот претседател повторно зборуваше за потенцијални напади, а на прашањето на новинарите дали Русија би можела да нападне во рок од неколку месеци, Зеленски појасни дека „не верува дека Путин е подготвен“.

Зеленски, исто така, рече дека плановите членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП се „многу бавни“.

„Веруваме дека, почнувајќи од 2030 година, Путин може да има значително поголеми капацитети. Денес, Украина го спречува, тој нема време да ја обучува армијата“, изјави Зеленски за Скај њуз.

Во опширно интервју, украинскиот претседател, исто така, рече дека тензиите на Блискиот Исток може да значат дека Украина ќе добие помала помош од своите партнери, вклучувајќи ги и САД, што значи дека „Русија ќе почувствува предност на бојното поле“.

Тој, исто така, изјави дека „можеби не е најдобриот човек да ја води Украина низ остатокот од војната, но е најискусен“.

Слични содржини