Антиќ ги најави плановите на Панчо: „Кога ќе излезам ќе направам концерт за сите, за нивните имиња да траат…“

од Nikola Popovski
321 прегледи

Поранешниот прославен кошаркар и сега веќе екс-претседател на КФМ, Перо Антиќ ја откри здравствената состојба на членот на ДНК, Владимир Блажев-Панчо после големата трагедија во кочанската дискотека „Пулс“. Антиќ, кој важи за добар пријател на Панчо, сподели со јавноста дека музичарот ќе организира концерт во чест на сите жртви од трагичниот настан.

-Панчо се подобрува, колку што знам. Еднаш лежам дома, гледав утакмица дома со кумашинот и гледам Маја (сопругата на Панчо) врти и јас дигам… Ми се јавува џуџето (прекар за Панчо)… Тешко е да се зборува за тоа. Сензитивна тема. Македонија изгуби многу млади животи. Се надевам ќе излезе правдата и ќе бидат казнети тие што треба да бидат казнети. Едвај чекам да излезе. До прозор би одел да го видам до болницата. Знам дека таму има и полиција го чувала, не знам зошто. Веднаш би отишол, но не сакам да направам некоја глупост. На прозор да го видам би било доволно. Сакаш да ти кажам што ми кажа прво? Ајде, па нека се налути.. Прво нешто што ми кажа – кога ќе излезам одма ќе направам концерт за нив, за нив сите, за името да трае, за нивните имиња…Едноставно Панчо е таков. И побожен и се. Жално е што ова се случува на добри луѓе во Македонија, рече Антиќ во поткастот на Бојан Јовановски-Боки 13.

Пожарот, кој се случи на 1 март, резултираше со 62 загинати и 197 повредени лица. Пожарот избувна од искри од пиротехничките фонтани, кои ја запалиле конструкцијата на дискотеката. Осум членови од тимот на ДНК загинаа во трагедијата.

Слични содржини