Туфегџиќ: Дали со инволвирањето на таткото на Вања свесно е направен дефокус дека уште од 2022 се правеле планови за киднапирање и убивање на луѓе?

од Nikola Popovski
473 прегледи

Адвокатот на ослободениот Александар Ѓорчевски вели дека нема простор за победничка еуфорија, затоа што, како што вели, Судот донесе законска одлука. Според Владимир Туфегџиќ, одлуката е празна затоа што не ги добивме одговорите зошто е киднапирана и убиена Вања, зошто по секоја цена се инсистираше Александар да биде дел од постапката и дали со инволвирањето на Александар свесно е направен дефокус од она што требало да биде предмет на истрага, а тоа е она што го кажа (осудениот) Велибор Маневски дека од 2022 година се правеле и кроеле планови и списоци за киднапирање и убивање на луѓе.

-Со цел остварување на овој план, овие лица копале дупки по Македонија, па сега мислам дека е ред и Јавното обвинителство и началникот Дејан Димовски и помошник-началникот Музафер Каришиќ и сите овие луѓе кои учествувале во истрагата против Александар, вклучително и ДБК да кажат каде биле, што правеле, како порано не се детектирале лицата и дали имаат своја логистика во некои институции. Тоа се одговори кои треба да ги добие јавноста, кажа Туфегџиќ по денешното рочиште на кое беше изречена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Туфегџиќ бара продолжување на истрагата откако, како што вели, Обвинителството се нашло во непријатна ситуација затоа што верувале на лични субјективни и лични мислења на Димовски и Каришиќ, а не верувале на доказите.

Адвокатот истакна дека неговиот клиент во моментов не размислува за поднесување кривични пријави, но додаде дека останува простор за правна анализа на целата постапка.

Слични содржини