Жерновски: Македонија во 35 години постоење како модерна држава нема направено толкав долг каков што направи оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ

од Nikola Popovski
40 прегледи

На овие 7 милијарди евра најавуваат и ново задолжување од 700 милиони евра со нова еврообврзница. За една година – речиси 8 милијарди евра нов долг. Македонија во 35 години постоење како модерна држава нема направено толкав долг каков што направи оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, вели членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски во интервју за „Локално“ во однос на тоа каде се наоѓа Македонија на економски план во моментов.

Според него, по една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна. Жерновски анализира дека Македонија ја живее најлошата економска состојба во последниве децении.

-Заедно со Албанија, последни сме во Европа според висината на минималната плата.  Куповната моќ на граѓаните е опадната за над 20%. Цените растат, платите мируваат. Според податоци, трошоците за живот во последните 12 месеци пораснале за 3,3%. Инфлацијата изнесува речиси 4.5%, а економскиот раст едвај достигнува 2.6%. Земјата за првпат има негативен економски резултат, полош и од воената 2001 година, посочува Жерновски во интервјуто.

Интервју со Жерновски: Информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ има молскавичен пад на поддршката кај граѓаните ја добивме директно од член на раководството на партијата на Мицкоски

Слични содржини