Зеленски по средбата со Трамп: Разговаравме за тоа како да постигнеме прекин на огнот и вистински мир

од Milan1
7 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп денес одржаа состанок на маргините на самитот на НАТО во Хаг, каде што разговараа, меѓу другото, за прекин на огнот и постигнување мир во Украина.

„Ги опфативме сите навистина важни прашања. Разговаравме за тоа како да постигнеме прекин на огнот и вистински мир. Разговаравме за тоа како да го заштитиме нашиот народ“, рече Зеленски во објава на X.

Зеленски, исто така, му се заблагодари на американскиот претседател и истакна дека деталите од разговорот ќе бидат објавени подоцна.

Според портпаролот на украинскиот претседател, Сергеј Никифоров, разговорот меѓу Володимир Зеленски и Доналд Трамп траел околу 50 минути, но лидерите не дале изјави по состанокот.

Порано денес, Трамп истакна дека на состанокот со Зеленски ќе разговара за „за некои проблеми“, објави „Укринформ“.

„Ќе разговараме за Украина. „Да, тоа изгледа веројатно“, додаде Трамп.

На самитот во Хаг, лидерите се фокусираа на три клучни прашања, вклучувајќи зголемување на трошоците за одбрана, зајакнување на капацитетот на одбранбената индустрија во земјите од НАТО и продолжување на помошта за Украина.

Слични содржини