„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за меѓународната Толстоева книжевна награда „Јаснаја Полјана“

од Milan1
12 прегледи

Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен на руски јазик од Олга Панкина е вброен во листата за номинацијата „Пропуштени ремек-дела“ објавена од коосновачите на Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јаснаја Полјана“ – Музеј „Лав Толстој” и Самсунг Електроникс, објави МИА.

„Во 2025 година, жирито за наградата кое се состои од познати руски писатели, литературни критичари и јавни личности на чело со Владимир Толстој, правнукот на Лав Толстој, се реши за потесен избор од осум наслови од автори од Албанија, Британија, Македонија, Колумбија, САД и Чиле“, известува преведувачката Панкина.

Покрај Андреевски со „Пиреј“, на листата номинирани за наградата „Јаснаја Полјана“ се уште седум автори: Антонија Сјузен Бајет за романот „Девојка во градината“, Џон Барт – „Трговец со отров“, Роберто Болано – „2666“, Габриел Гарсија Маркес – „Ќе се видиме во август“, Исмаил Кадаре – „Генерал на мртвата армија“, Хилари Мантел – „Срце на бура“ и Сју Таунсенд – „Жената што легна во кревет за една година“.

Името на лауреатот ќе биде објавено во октомври на свечена церемонија на доделувањето на наградата „Јаснаја Полјана“.

Слични содржини