Туфегџиќ за судењето за двојното убиство: ЈО мора темелно да се преиспита каде тера, двете обвинителки беа конфузни

од Nikola Popovski
12 прегледи

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ смета дека убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е кривичен предмет во кој јавното обвинителство ќе мора темелно да се преиспита каде тера и како што вели, тоа мора да го направи заради државата и заради сите нас. Тој сподели свое видување за, како што објавува, конфузното и некоординирано однесување на двете обвинителки.

„Жаклина Крстевска-Јосифовска е носител на предметот и неа ќе ја наречам (Внимателната) а другата Ана Стојковиќ-Димитровска е дополнителен обвинител која ќе ја крстам (итрата). Во текот на целата постапка “Внимателната” беше за воља на вистината, умерена, изјавите и беа во рамките на пристојност, реално како и самата да беше свесна за конечниот исход но сепак во јавноста се обидуваше да го брани поднесеното обвинение задржувајќи доза на умереност и пристојност. Проблемот на обвинителството е однесувањето на “итрата” која ја користеше секоја можна прилика да се однесува како помалата сестра која е попаметна и се и е дозволено и сите настапи во судница и во јавноста и беа во стилот, “остајте ме мене сега јас ќе ви кажам, она не знае да каже”, многу грда слика за обвинителството“, пишува Туфегџиќ.

Според него, секое дополнување на “итрата помала сестра” всушност не беше надоврзување на претходно кажаното од “Внимателната” туку напротив, директна конфронтација на тези и внесување на дополнителна конфузија, а во добар дел недозволиво изнесување на небулози од типот, „ние немаме докази ама сакавме да имаме, ама логичен бил заклучокот…

„Итрата” одамна требаше да биде повикана од претпоставените за да и укажат дека обвинителството е колективна игра, дека носителот на предметот, во случајот “Внимателната” го има “златниот глас” и одлучувачка улога, дека таа како “помалата сестра” е само “пратеќи вокал” во една колективна игра и ништо повеќе, дека своите лични нагони за битност и популарност ќе мора да ги артикулира, дека јавното обвинителство секако ќе постои и опстои и без нејзините настапи, дека секој конкурентски настап кон “Внимателната” во судница и во јавноста се смета за недозволено и неприфатливо однесување кое го загрозува кривичниот предмет и воопшто угледот на јавното обвинителство.

“Внимателната” и “итрата” се со причина со големо “В” и мало “и” за да се знае кој во случајот по закон беше главен“, стои во објавата на адвокатот на социјалните мрежи.

Доживотна казна затвор за четворицата обвинети Палевски, Кешишев, Манев и Видевски за грабнувањата и убиствата на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски и 14-годишната скопјанка Вања Ѓорчевска. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски пак, доби ослободителна пресуда за наводната вмешаност во грабнувањето на неговата ќерка. Обвинителството задоволно од пресудите, со исклучок на онаа за Ѓорчевски, за која најави жалба, бидејќи смета дека исказите на обвинетите ја докажале неговата вмешаност во случајот.

Слични содржини