Жељазков му ветил на Кошта дека Бугарија нема да го претвори процесот на пристапување на Македонија во ЕУ во билатерален проблем

од Nikola Popovski
112 прегледи

„Спроведувањето на консензуалниот компромис (францускиот предлог) од 2022 година, што подразбира измени во Уставот на Република Северна Македонија со вклучување на бугарската заедница, е услов неопходен за започнување на процесот на преговори“. Ова го изјавил бугарскиот премиер Росен Жељазков во Брисел на тема македонските интеграции. Пред почетокот на состанокот на Европскиот совет денес, Жељазков остварил средба со претседателот на Советот, Антонио Кошта. За време на разговорот, Жељазков добил уверение од Кошта дека Советот строго ќе се придржува до францускиот предлог кој е дел од Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

„Бугарија нема да поставува никакви поинакви услови и да го претвори процесот во билатерален“, категоричен бил бугарскиот премиер и истакнал дека ова е прашање меѓу Европскиот совет и Македонија. Според Жељазков, темата за идентитетот и јазикот во Предлог-извештајот на Европскиот парламент е обид да се одвлече „вниманието на јавноста во Бугарија и Македонија од главното прашање за заштита на човековите права на Бугарите со потребните гаранции“.

„Го замолив претседателот Кошта да им го привлече вниманието на нашите колеги во Скопјe дека говорот на омраза не помага во овој процес, вклучително и во нашиот дијалог, кој треба да се базира на Договорот за добрососедство“, изјавил Жељазков.

Премиерот истакнал дека Бугарија, како мудра земја-членка на ЕУ, како што пренесуваат бугарските медиуми, го одржува потребниот степен на воздржаност во емоциите во врска со ваквите, како што велат, „задевања“ од страна на Македонија, кои веројатно се поврзани со претстојните локални избори наесен.

Слични содржини