Истражување: Германија ова лето ќе ја надмине границата од три милиони невработени

Иако се бележат благи позитивни сигнали на пазарот на трудот, Германија најверојатно краткорочно ќе ја надмине границата од три милиони невработени ова лето, предупредуваат експертите од Институтот за истражување на вработувањето (IAB).

од Марта Пешевска
6 прегледи

Според најновиот барометар на пазарот на трудот кој го објавува IAB, состојбата е малку подобрена – индексот во јуни се зголемил трет месец по ред, но само за 0,2 поени, достигнувајќи 99,1 поен. Оваа бројка сепак останува под клучната граница од 100 поени, што укажува дека понудата на работна сила сè уште ја надминува побарувачката.

Барометарот се заснова на анкети спроведени меѓу агенциите за вработување, кои даваат прогнози за движењата на пазарот во наредните три месеци.

Невработеноста расте, вработувањето благо се подобрува

  • Индексот што се однесува на прогнозите за невработеност и понатаму се движи значително под 100 поени, што значи дека агенциите не очекуваат суштинско подобрување.
  • Од друга страна, индексот на вработеност го надминал прагот од 100 поени, што сигнализира умерен позитивен тренд.

„Пазарот на трудот покажува знаци на стабилизација. Сепак, се очекува бројот на невработени краткорочно да ја надмине границата од три милиони, веќе во текот на летото“, изјави економистот на IAB, Енцо Вебер.

Според податоците на Федералната агенција за вработување (ФАА), бројот на невработени во мај изнесувал 2,919 милиони. Новиот извештај со податоци за јуни се очекува да биде објавен следната недела.

Слични содржини