Сè повеќе боледувања поради досада на работа: Што велат лекарите?

Во последните неколку години, боледувањето поради досада и недостаток на предизвици на работа доживува голем пораст, особено во Холандија, каде што феноменот станува сè почест предмет на анализа и загриженост во трудовата медицина.

од Марта Пешевска
13 прегледи

Според податоците од холандската служба за трудова медицина „Арбо Уни“, отсуствата од работа предизвикани од досада се зголемиле пет и пол пати од 2021 до 2024 година.

Досадата не е само досада – туку и стрес

Лекарите од Арбо Уни го дефинираат овој феномен како когнитивно недоволно оптоварување – состојба во која работникот чувствува стрес не поради премногу работа, туку токму спротивното:

„Премалку задачи, премногу едноставни, рутински и незанимливи обврски, или чувство на бесцелност и исклученост од организациските цели доведуваат до длабоко незадоволство,“ објаснуваат од Арбо Уни.

Таквата работна средина не нуди предизвик, не активира таленти, и со текот на времето ја намалува мотивацијата, оставајќи кај вработените впечаток дека нивниот труд нема смисла.

Досадата како нова форма на прегорување

Иако традиционалното прегорување (burnout) се зголемило за 28% од 2021 година, „досадата“ како причина за отсуство расте со многу повисоко темпо. Најчесто се регистрира во четвртиот квартал од годината, период кога менталниот замор кулминира.

Арбо Уни забележува дека младите вработени, особено во секторот на деловни услуги, се најподложни на овој тип замор. Иако платите можат да бидат солидни, работните задачи често се едноставни и повторувачки, што по некое време доведува до емоционална и интелектуална празнина.

„Кога вработени со голем потенцијал подолго време извршуваат монотонa работа, нивниот ентузијазам и чувство за смисла се губат. Тоа може да доведе до ист вид исцрпеност како и преголемата работна оптовареност – само од спротивниот крај на спектарот,“ појаснуваат стручњаците.

 

Слични содржини