Турската полиција уапси најмалку 30 лица во центарот на Истанбул денеска, кои се обидоа да учествуваат на Парадата на гордоста, која властите ја забранија како дел од долгогодишната репресија против ЛГБТК+ настаните, изјави опозициската политичарка Кезбан Конукчу.
Снимките до кои дојде Ројтерс покажаа судир на полицијата со група активисти кои носеа знамиња со боите на виножитото во центарот на градот пред да ги уапсат и да ги однесат во полициски комбиња.
Конукчу, пратеник од прокурдската партија ДЕМ кој присуствуваше на маршот, рече дека се уапсени најмалку 30 лица.