Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи собјави дека на суд ја добил тужбата против пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.
Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски му порача дека спорот завршил само во едно рочиште.
„Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу еднаквите. Среќна 1949 година – пишува Петровска на Фејсбук.