Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го извести Универзитетот Харвард дека нивната истрага утврдила дека третманот на универзитетот кон еврејските и израелските студенти го прекршил федералниот закон за граѓански права, објави денес „Волстрит џурнал“.
„Неуспехот да се направат соодветни промени ќе резултира со губење на сите федерални средства и ќе продолжи да влијае на односот на Харвард со федералната влада“, се вели во соопштението, цитирајќи писмо испратено денес до претседателот на Харвард, Алан Гарбер, кое е достапно за „ВСЈ“. „Ројтерс“ сè уште официјално не ја потврди објавата.
Трамп рече дека се обидува да наметне промени на Харвард, како и на другите врвни универзитети низ САД, бидејќи, според него, универзитетот е заробен од левичарската „разбудена“ мисла и станал упориште на антисемитизмот.