Латас со одговор до Костадинов: Нека го изврши убиството сам

од Nikola Popovski
404 прегледи

Новинарот Драган Павловиќ-Латас одговори на заканите од градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов. Латас употреби „тешки зборови“ и најави и кривична пријава. Додава оти не е битно дали Костадинов „бил нашмркан кога го пишувал тоа“. Му порача на градоначалникот „сам нека го изврши убиството“.

„Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери. Да се докажат пред лигавиот, да му учинат. Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо. И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело“, пишува Латас.

Тој потенцира да не фрла друг во огин, и дека ако е маж да дојде и да го направи тоа самиот.

„Или ќе го направи, или ќе остане тое што е, лигав полтрон на Зоран Заев полуден што го оставила вереницата, му собрала имот и избегала за друг. Полуден што Зоран Заев се мисли дали да го кандидира пак за градоначалник. Полуден што апсењата на бандата од Заев веќе почнаа, а тој е еден од нив. Полуден што феудализмот во Струмица завршува. Нека не чека долго. Или пукај, лично, и емитиконите со крв од постот претвори ги во дело….“, потенцира меѓу другото Латас во објавата на Фејсбук.

Вчера Костадинов повторно се обрати на Фејсбук и испрати пораки кон ВМРО-ДПМНЕ по критиките од партијата. Тој го потсетува ВМРО-ДПМНЕ по одбраната на новинарот дека дека тој се обратил за да ја одбрани честа не од „новинарот“ туку од „човекот“ Д.П. Латас за кого Струмица била  бугарски град. Порача дека не повикувал на насилство ниту на убиство.