Каматите за кредитите во мај биле во благ пад

од desk2
17 прегледи

Минимален пад доживеала просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај, соопшти Народна банка.

Намалувањето на каматната стапка на кредитите во однос на април оваа година изнесувало 0,05%, а во однос на мај 2024 година изнесува 0,43% и изнесувала 5,06%, се дознава од соопштението.

Истовремено, во мај оваа година е забележан раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити, кога таа изнесувала 2,21%, односно 0,01% повеќе отколку во претходниот месец – април, и 0,35 отсто повеќе во однос на мај 2024 година.

Слични содржини