🎥 Рајан Гослинг непрепознатлив во новиот филм во кој глуми молекуларен биолог

Рајан Гослинг го промени својот изглед за подобро да се вклопи во својата нова улога! Во претстојниот филм, тој ќе игра професор и научник, а дури ќе патува и во вселената

од Vladimir Zorba
17 прегледи

И веднаш откако го преболевме Ноа од филмот „The Notebook“ и престанавме да танцуваме на песната „I’m Just Ken“ од филмот „Barbie“, популарниот Рајан Гослинг подготви нов филм во кој претстави досега невиден имиџ.

Имено, популарниот Гослинг моментално работи на филмот „Project Hail Mary“, каде што игра професор и молекуларен биолог чија задача е да открие зошто неколку ѕвезди, вклучувајќи го и Сонцето, полека умираат.

Иако на објавените фотографии го негува и типичниот „алтернативен изглед“ со очила и капи, тој се појавува и со долга коса и долга брада. Нешто како Том Хенкс во филмот „Cast Away“.

Филмот треба да излезе во кината во март 2026 година и е адаптација на популарниот научно-фантастичен роман од 2021 година со исто име, напишан од Енди Вир.