(ВИДЕО) Големи пожари во валандовско и дојранско, побаран хеликоптер на МВР да гасне

од Milan1
25 прегледи

Два одделни пожари избувнаа денеска попладне во југоисточниот регион на државата, кај селата Марвинци, општина Валандово и Фурка општина Дојран, при што гори сува трева и ниска вегетација.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), кај селото Марвинци интервенира Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожарот засега се држи под контрола, но гаснењето е отежнато поради топлото време и ветерот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) процесуираше барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за воздушна поддршка при гаснење на пожарот. МВР ќе упати хеликоптер за интервенирање од воздух.