СТРАШНА ВЕСТ ОД ШПАНИЈА: Во сообраќајна несреќа почина Диого Жота, големата ѕвезда на Ливерпул

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Шпанскиот весник „Марка“ објави страшна вест, а тоа е дека Диого Жота, фудбалер на Ливерпул и португалски репрезентативец, кој со години важеше за еден од најдобрите фудбалери во англиската Премиер лига, утрово починал во Шпанија.

Според „Марка“, 28-годишниот португалски фудбалер загинал во сообраќајна несреќа во покраината Замора.

Несреќата се случила на 65-тиот километар од автопатот А-52, во близина на општината Паласиос де Санабрија.

Фудбалерот на Ливерпул починал кога возилото во кое патувал со својот брат Андре, 26-годишен професионален фудбалер, излетало од патот, предизвикувајќи пожар.

Слични содржини