Фудбалерот на Ливерпул и португалскиот репрезентативец Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа во северозападна Шпанија, а Кристијано Роналдо се огласи преку своите профили на социјалните мрежи.
„Нема смисла. Неодамна бевме заедно во репрезентацијата, штотуку се венча… Uпатувам сочувство на твоето семејство, на твојата сопруга и на твоите деца и им ја посакувам сета сила на светот“, рече Роналдо, додавајќи: „Знам дека секогаш ќе бидеш со нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. На сите ќе ни недостигате.“
Други спортисти, исто така, се збогуваат со Жота.
Да потсетиме дека Жота беше на одмор откако се ожени со својата долгогодишна девојка Руте Кардосо на 22 јуни.
Тие се родители на три деца, а неговиот брат Андре (26) исто така почина со Жота. Браќата загинаа кога нивниот автомобил излета од патот и се запали кратко по полноќ.
Според сведоците кои ја повикале полицијата, автомобилот бил во пламен, кој се проширил на блиската вегетација.
Иако сведоците веднаш ги известиле службите за итни случаи, пожарникарите, членовите на сообраќајната единица на Цивилната гарда, брзата помош и медицинскиот персонал од здравствениот центар во Момбуеј можеле само да ја констатираат смртта на двајцата млади мажи по пристигнувањето.