Украинската војска во операцијата „Дроноцид“ што ја извеле врз руски позиции денеска, успела да уништи дури 42 командни места за руските дронови, пренесоа светските агенции. Целите биле во Запорошкиот регион, а се дејствувало со ФПВ дронови и со авијацијата на украинската војска.
Во зоната на запорошкиот фронт се забележани најголеми активности на руски дронови, а командните места се блиску до фронтот. Откриени се 90 главни и резервни места од кои операторите на дроновите ги наведуваат беспилотните летала врз украинските сили, а денеска биле таргетирани 42 цели – истовремено.
На запорошкиот фронт, поради силните утврдувања и поставени мински полиња од страна на двете војски речиси и нема други форми на војување освен вршење напади со ФПВ дронови.
Авионите на украинското воено воздухопловство во денешната акција „Дроноцид“ дејствувале со ГПС-наведувани бомби.