Украинците кај Курск го убиле вториот човек на руската морнарица

од desk2
22 прегледи Фотографија: Скриншот

Генерал мајор Михаил Гудков, заменик на командантот на руската воена морнарица бил убиен од украинските сили во руската Курска област, заедно со десетина војници, јавија украинските медиуми.

Смртта на Гудков во украинскиот напад на командниот центар Коренев во Курската област е потврдена и од Олег Кожемјако, гувернер на рускиот далечноисточен регион каде Гудков бил оригинално стациониран.

Гудков во Курската област ја предводел морнаричката бригада на руската Пацифичка флота.

Засега во врска со смртта на Гудков не се огласиле ни Украина ни руското Министерство за одбрана.