Во руски воздушен напад во Киев се повредени 23 лица, од кои 14 се хоспитализирани, изјави градоначалникот на градот Виталиј Кличко.
„На преостанатите повредени им е укажана брза помош или нега на лице место“, напиша Кличко на Телеграм, според агенцијата Укринформ.
Министерот за внатрешни работи Игор Клименко изјави дека меѓу повредените е и едно 10-годишно девојче.