Проф. Трајковски: Даноци за немажени и неженети имало во фашистичка Италија, нацистичка Германија и СССР на Сталин

од Nikola Popovski
364 прегледи

Професорот Дејан Трајковски ја коментираше најавата на Владата дека сериозно размислуваат за воведување дополнителни даноци за немажените и неженетите граѓани во државата, поради се поголемиот наталитет на населението. Според него, ретки се примерите во кои државите вовеле вакви даноци.

„Даноци за немажени и неженети имало во фашистичка Италија на Бенито Мусолини, во нацистичка Германија под Адолф Хитлер, во СССР под Сталин од 1941 до 1944 и во Романија за време на Николае Чаушеску. Ова се прави типично во тоталитарните режими каде што личниот живот се потчинува на целите на државата. Ниту еден од овие режими и нивните владетели не завршиле добро“, објави Трајковски.

Демографскиот аларм е вклучен, Македонија за четири години има изгубено 33 илјади жители – како еден град од големина на Кавадарци и Кичево. Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки и борба против падот на населението и наталитетот во државата.

„Се раѓаат помалку деца, населението старее, а младите се во потрага на подобар живот надвор од границите. И ние не сме исклучок, но нашата состојба е посебна. Додека некои држави ја забележуваат како тренд, кај нас се смета како аларм“, рече Мицкоски и додаде:

„Се надевам министерке Јаневска дека оваа година во читанките нема да биде јас, мама и тато, туку ќе биде јас, мама, тато, бато и дада“, изјави премиерот пред присутните во Влада.

Слични содржини