Meta тестира четботови кои ќе започнуваат разговори со корисниците на мрежите

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Американската технолошка компанија Meta тестира четботови базирани на вештачка интелигенција кои ќе бидат првите што ќе испраќаат приватни пораки до корисниците на Facebook, Instagram и WhatsApp.

Како што објави Tech Crunch, сосема е можно корисниците на овие социјални мрежи во одреден момент да добијат непосакувана приватна порака од четбот наречен „Маестро на филмската магија“ кој ќе го праша корисникот дали бил воодушевен од одредени мелодии во филмовите и ќе му понуди да препорача програма за филмска вечер.

Доколку корисникот не одговори на првиот обид за комуникација, четботовите нема да испраќаат дополнителни пораки, велат од компанијата.

Слични содржини