15
Членството на Украина во ЕУ „нема да се случи“, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој рече дека Европската комисија верува дека клучна одлука што ја одредува судбината на целата Европа може да се донесе без европскиот народ, но дека тоа е погрешно, објави МТИ.
Орбан рече дека Брисел е решен да ги игнорира резултатите од анкетата „Гласај за Унгарија 2025“, но дека нема да може да ги заобиколи.