Нема веќе предавање пасоши на две места: Системот „One stop“ почна да функционира на преминот Табановце – Прешево

од Nikola Popovski
18 прегледи

Системот „One stop“ беше ставен во функција на граничниот премин Табановце – Прешево. На официјалното пуштање во употреба на интегрираниот систем за гранична контрола присуствуваа министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ кои го потпишаа протоколот.

Ова значи дека кога патниците влегуваат во Македонија од Србија и кога излегуваат од земјава, ќе имаат само една контрола, а пасошот повеќе нема да се предава на две места. Системите се поврзани, така што двете страни ќе имаат евиденција за оние што поминале.

Целта е да се забрза товарниот и патничкиот сообраќај, а возачите што денес се најдоа на преминот велат дека се задоволни.

„Оne stop“ веќе функционира со Косово, на Блаце и Јажинце, а во тек се преговори и со Албанија за воведување ваков систем на два гранични премини, додека со Бугарија и Грција, како членки на Европската унија и на шенген-зоната, ќе се имплементираат само организациски подобрувања.

Слични содржини