Откриени шест килограми амфетамин во Скопје, уапсени шест лица

Полицијата, со судски наредби, вчера извршила претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово.

од desk2
62 прегледи

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска повелo постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи траела неколку месеци, при што се користени и посебни истражни мерки (ПИМ).

Полицијата, со судски наредби, вчера извршила претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово. При претресите на неколку локации биле пронајдени околу 6 килограми амфетамин, но и повеќе таблети, пакувања со растителна материја, како и други предмети кои се предмет на вештачење.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достал предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за сите шест лица лишени од слобода.