Борел со остра критика: Американски платеници убиваат Палестинци, а ЕУ не презема ништо

Тој во мај стана тема во вестите со својата изјава дека Израел спроведува геноцид во Газа.

од desk2
89 прегледи

Жозеп Борел, поранешниот потпретседател на Европската комисија (ЕК), се огласи со остра критика за, како што рече убивањето од страна на американски платеници на 550 гладни Палестинци за само еден месец. Тие биле убиени додека чекале на хуманитарна помош на пунктовите на американско-израелската Хуманитарна фондација за Газа (ГХФ).

Борел во твитот остро ја искритикува и ЕУ поради тоа што не е преземено ништо против овие злосторства.

„Во 1 месец 550 изгладнети Палестинци беа убиени од платеници од САД додека се обидувале да дојдат до храна на пунктовите назначени од таканаречената Хуманитарна фондација за Газа. Ова е грозоморно, но ЕК и Советот на ЕУ се и понатаму неволни да преземат каква било акција против овие злосторства“, напиша Борел, кој беше шеф на надворешната политика на ЕУ од 2019 до 2024 година.

 

Тој во мај стана тема во вестите со својата изјава дека Израел спроведува геноцид во Газа, опишувајќи ги постапките на израелската влада како „најголемата операција за етничко чистење од крајот на Втората светска војна“.

Слични содржини