11
Најмалку четиримина загинати и над 30 повредени е црниот биланс на масовниот руски напад со дронови врз најголемите градови во Украина: Киев, Одеса и Харков, соопштија украинските власти.
Загинатите се во регионите Одеса, Суми и Херсон. Во Харков ранети се 20 луѓе, меѓу кои и деца.
Во руските напади со беспилотни летала врз Киев нанесени се штети на објекти, а жртви нема, напиша во својот Телеграм-канал градоначалникот Виталиј Кличко.
Имало два напада врз Киев – помеѓу 1.30 и 2.15 часот и потоа од 7.50 до 8.04 часот утрово. Нападите врз Киев биле со дронови Шахед.